Медиасет.мк

#ФАЦИ

Панчо удри по здравство поради малиот број заразени од ковид-19: Кого правите будали?!

Владимир Блажев, познат како Панчо од дуото ДНК, објави статус и повторно упати критики до Mинистерство за здравство.

„Само 11 новозаразени од 450 тестови ? До пред два дена по 2000 правевте ( така требаше да биде од сам старт на пандемијата ), а сега едвај по 500?

Чекај бе кого правите будали, себе или мислите дека сеуште можете да го подјебавате народот?
Господ ќе ви врати тродупло за се!!!

Како ви одговара така правите, ама немој да мислите дека народот ќе ви прости и заборави дека оштетивте фирми, фамилии, а приитоа оставивте безброј луѓе без работа и си поигравте со многу човечки судбини кои беа приморани да ги затвораат своите објекти.

Јазг да ви е за се. Порано или подоцна се ќе ви се удри од глава“, стои во објавата на Фејсбук.

На почеток
error: