Пејачот Аца Лукас вели дека повеќе не сака да пее на ромски свадби. Тој неодамна беше ангажиран да пее на ромска свадба во Рим, забава која подоцна се прераскажуваше неколку дена.
Свадбата чинела многу пари, а Лукас и Цеца, која била со него, велат дека тоа било добра тезга за нив. Во јавноста се шпекулираше дека таа вечер пејачите добиле по 50.000 евра, плус бакшиш. Сепак Лукас вели дека бакшиш немало, а и тоа не бил достоинствен начин за заработка.
Тој вели дека никогаш повеќе нема да пее на такви прослави иако добро заработил од таа тезга.
„Нема да пејам на таква свадба никогаш. Тоа се будали. Тоа се лопови со пари. Роми кои имаат многу пари. Тоа се лопови кои организираат свадби низ целиот свет, а потоа парите ги вртат меѓу себе и неколку музичари. Дури сега сватив за што станува збор“, вели Лукас.
Пејачот вели дека тој и Цеца биле добро платени и дека веројатно не би дошол ако станало збор за помала сума.
„Тие не китеа, ни ставаа пари на чело, во кошулата и во градниците на пејачките, а после бараа да им ги вратат. Јас не дозволувам некои да ми ставаат пари на чело. Повеќе нема да учествувам во тоа. Може само ако ми платат однапред 100.000 евра и да седам на бината, да пејам пола час и после да си одам дома“, вели Лукас.