Медиасет.мк

#ФОКУС

Според новата студија, ако ја имате оваа крвна група тогаш сте поотпорни на коронавирусот

Генетски анализи на пациенти кои се заразени со Ковид-19 покажуваат дека видот на крвната група може да влијае за развој на неколку заболувања и на интензитот на симптомите од коронавирусот.

Откако медицинските сознанија потврдија дека возраста и полот имаат влијание врз ризикот од заболување, новото истражување открива поврзаност на припадноста на крвната група со вирусот.

Генетичарите кои извршиле споредби со гените на илјадници пациенти во Европа откриле дека луѓето со A крвна група можат полесно да заболат од оние со нулта.

Студијата вклучила научници од повеќе држави како Италија, Шпанија, Данска, Германија и други, а опфатила повеќе од 2000 пациенти кои веќе се заразиле со коронавирусот.

Тие откриле дека крвната група има влијание врз симптомите кои ги манифестира вирусот.

„Па така, луѓето со нулта крвна група подобро можат да препознаат одредени протеини како туѓи“, објаснува д-р Парамсвар Хари од Медицинскиот колеџ во Висконсин.

За време на појава на САРС „беше забележано дека луѓето со крвна група О имаат помала веројатност да добијат тешка болест“, вели тој.

„Крвта, исто така, е врзана за подложност на некои други заразни заболувања, вклучувајќи ја колерата, инфекциите на уринарниот тракт од E. coli и H. pylori која може да предизвика чирови и рак на желудникот“, вели д-р Дејвид Вале, директор на Институтот за генетска медицина на Универзитетот Џон Хопкинс.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: