Медиасет.мк

#ФОКУС

Др. Ана Глигиќ за вториот бран: Ова се т.н. опаши, џебови што останаа, а попуштањето на мерките придонесе за тоа

Д-р Ана Глигиќ, добро познат белградски виролог, која го водеше тимот што успеа да го изолира вирусот на големите сипаници во 1972 година, во разговор за Радиосараево.ба го коментира растечкиот број заразени и починати во Босна и Херцеговина, како резултат на инфекцијата со коронавирусот.

86-годишната експертка, која со својот тим оствари светски потфат со изолирањето на вирусот на големите сипаници, одговара на прашања дали треба да се вратат построги мерки, дали ќе има нов бран на коронавирусот, дали најавената вакцина ќе донесе конечно решение…

Радиосараево.ба: Откако мерките се опуштија, Босна и Херцеговина повторно забележа зголемување на бројот на пациентите со ковид-19, а имаме и поголем број смртни случаи. Како го коментирате овој феномен? Дали станува збор за т.н. втор бран?

Д-р Глигиќ: За мене ова е нормално, знаете. Тоа беше голема епидемија, пандемија… Секако, нас најмногу нè интересира што се случува на Балканот, но пандемијата е, секако, присутна и во Европа, а да не зборуваме за Америка. Тоа е нормално. Ова се т.н. опаши, џебови што останаа. А попуштањето на мерките секако придонесе за тоа. Но мораше да се попуштат! Затоа што не може веќе вака. Не можете да ме затворите, ми престанаа сите активности. Економијата и сè друго, знаете. Покрај тоа, не знам што покажуваат вашите анализи, но ако тоа се претежно постари лица, секогаш има зголемена смртност по зимата, во пролетта, и така некаде до јуни месец. Постарите луѓе обично тогаш умираат. Но не постојат правила, овој вирус е една тешка, тешка непознаница…

Радиосараево.ба: Дали решението е повторно да се воведат некои построги мерки? Што да се направи во оваа ситуација?

Д-р Глигиќ: Не знам што би направила јас во оваа ситуација… Зависи од тоа каква анализа ќе направат епидемиолозите, да видат што се случува, дали имаат увид дали тоа се контакти на контактите или нешто од природата бустира. Треба добро да се изанализира дали болеста се пренесува од заразен на заразен или има извори на друго место. Ова е големото прашање сега. Гледам во Пекинг затворија една цела област околу најголемиот пазар. Значи повторно дошло од основниот извор. Немало пренесување од човек на човек, туку повторно од пазар, како што почна сè. Треба да се види кој сè е преносител на тој вирус.

Радиосараево.ба: А нови мерки?

Д-р Глигиќ: Јас не би воведувала уште мерки, туку би го воспитувала населението, и тоа постојано, преку средствата за јавно информирање, само себе да се чува. Секој ден да се даваат совети што да прават, како да прават, но строги мерки – мислам дека повеќе не треба да се воведуваат. Еве зошто. Народот веќе е притиснат. Како пуштени од синџир се чувствуваат кога ќе се укинат овие мерки. Тоа кај нас во Белград е корзо. Масовно се излезе. Неверојатно. Никогаш не сум видела толку многу луѓе како кога беа опуштени овие мерки. Просто како пуштени од синџир. Значи, потребен е притисок преку медиумите. Повеќе новинари да вршат притисок граѓаните сами да се чуваат. Бидејќи мерките можат да предизвикаат контраефект. Затоа што знам какво е расположението кај луѓето. Преку глава им е од сè. Секој треба да се придржува кон она што е пропишано, а не да се носат некакви декрети. Народот е чувствителен на декрети, на наредби. Тогаш се јавува некаков инает. Не сакам! Само воспитување, а влијанието на медиумите е големо.

Радиосараево.ба: Се зборува за т.н. втор бран. Дали тој нè очекува на пример во септември, октомври?

Д-р Глигиќ: Тоа го кажав при првиот настап на телевизија. Реков дека ова ќе се претвори во сезонска болест. Ова не е втор бран. Мораме да се навикнеме да живееме со короната. Мораме да се навикнеме да живееме со тоа. Таа ќе биде истребена на некој начин, но ќе се појавува.

Целото интервју прочитајте го на мкд.мк

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: