Медиасет.мк

#ФОКУС

Ако сте на респиратор сте како во вештачка кома – ниту можете да читате весник, ниту да одмарате

Габриела Митовска, медицински работник, на својот фејсбук профил сподели предупредувачки пост за граѓаните кои не сакаат да носат маски и да ги почитуваат заштитните мерки. Таа укажа на какви маки се изложени болните од корона вирусот, кои мора да бидат приклучени на респиратор.

„За почеток, респираторот не е кислородна маска ставена преку устата на пациентот, додека тој лежерно одмара и чита весник на болничкиот кревет.

Респираторната цевка се спроведува под анестезија и останува во вашата трахеа 2 до 3 недели, овозможувајќи ви да дишете во ритамот на белодробната машина. Нема да бидете во можност да разговарате, да кажете дали ве боли, да јадете или било што друго да правите затоа што вие сте тотално неспособни а машината живее и дише за вас.

Заради непријатностите и болката која ќе ја чувствувате, здравствените работници во континуитет ќе мораат да ви даваат седативи и лекови против болка, со цел да се осигураат дека вашата плуќа е толерантна на страното тело поставено во неа. Како да сте во вештачка кома.

После 20 дена од поставениот респираторен систем, младите пациенти ќе изгубат 40 отсто од својата мускулна маса, и ќе добијат траума на устата или гласните жици, како и можни белодробни или срцеви компликации.

Како резултат на ова, постарите или изнемоштени лица (баба ти, дедо ти, татко ти, мајка ти) нема да бидат во состојба да ги преживеат овие компликации“, пишува Митовска.

За разлика, пак, од респираторната машина, вели таа, маските за уста познати како заштитни маски, се продаваат во секоја аптека, чинат од 25-30 денари, не се интубираат, се носат без анестезија, не предизвикуваат белодробни трауми и ако се носат постојано спасуваат животи.

„Респиратор или маска? Ти одбираш што ќе носиш“, пишува Димовска.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: