Медиасет.мк

#ЏЕТ-СЕТ

Актерот Кевин Спејси должи 31 милион долари

Холивудскиот актер Кевин Спејси и неговите продуцентски компании му должат 31 милион долари на студиото „Ем-Ар-Си“, кое го правеше серијалот на Нетфликс, „Куќа од карти“, се дознава од одлука на арбитража донесена пред 13 месеци, но објавена синоќа, пишува Њујорк тајмс.

Арбитражата е донесена откако адвокати на студиото поднеле барање до калифорниски суд да ја потврди сумата за исплата.

Спејси ја имаше главната улога и беше продуцент на ТВ серијалот „Куќа од карти“ во кој го играше поткупливиот политичар Френк Андервуд.

Со снимањето на шестата и последна сезона во 2017 година, актерот Ентони Рап го обвини Спејси дека во 1986 година, кога имал 14 години, се обидел сексуално да го злоупотреби. Тоа се случи во време на почетокот на „Ми ту“ движењето во САД, кога Њујорк тајмс и Њујоркер објавија серија репортажи за сексуалниот предатор, холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн.

„Ем-Ар-Си“ и Нетфликс започнаа истрага и го прекинаа снимањето на серијалот.

Тие подоцна му дадоа отказ на актерот од шоуто. На судењето, компаниите се пожалиле дека поради однесувањето на Спесји имале милионски загуби.

На почеток
error: