Connect with us

#КИНО

Новите „Истерувачи на духови“ први на Боксофисот во САД

Се чини дека „профитабилниот бизнис“ за ловење духови сè уште привлекува кино публика и по речиси 40 години, објави ДПА.

Новиот филм на „Сони Пикчрс“ – „Истерувачи на духови: Животот потоа“ (Ghostbusters: Afterlife) овој викенд ги надмина очекувањата кај публиката и кино благајните. Новото продолжение заработи 44 милиони долари, поместувајќи го „Вечните“ (Eternals) на „Дизни“ од врвот на американскиот Боксофис.

Четвртиот дел од серијалот се очекуваше да собере 30 до 35 милиони долари првиот викенд, кој беше одложен за повеќе од една година поради пандемијата на коронавирус. „Вечните“ падна на второто место во третиот свој викенд, со 10,8 милиони долари, за вкупна сума од 135,8 милиони долари само во Северна Америка.

Четвртиот филм е во режија на Џејсон Рајтман – син на оригиналниот режисер на „Истерувачи на духови”, Иван Рајтман, а со Пол Рад, Кери Кун, Мекена Грејс, Логан Ким, Селест О’Конор и Фин Волфхард во главните улоги. На „Ротен томатос“ филмот постигна просек од 62 отсто, а „Лос Анџелес тајмс“ го опишал како „непромислен творечки неуспех“ кој „не е начисто со шармот и привлечноста на своите претходници“. На ИМДБ, сепак, оценката засега е 7,8 / 10.

#КИНО

Тарантино го најави својот 10-ти и, најверотно, последен филм


Американскиот режисер Квентин Тарантино, 2-3 дена по својот 60-ти роденден, објави дека има намера наесен да го снима својот 10-ти филм, којшто би бил и последен во неговата кариера.

– Го завршив сценариото за мојот последен филм. Претпоставувам, веројатно ќе го снимам наесен, изјави ексцентричниот режисер интервјуиран во Париз, отфрлајќи ги сите гласини што се шират за овој филм. – Дејството на филмот под работен наслов „Филмски критичар“ е сместено 1977 година, додаде тој.

Но, според Тарантино, тоа не е посветено на некој новинар или конкретен филмски критичар и не е „биографски филм за Полина Каел“, култниот лик од „Њујорк“, која почина во 2001 година.

Тарантино повеќе од еднаш најави крај на кариерата откако сними девет филма, сметајќи ги двата дела на „Убиј го Бил“ како едно остварување. Но, се чини, сега повторно ги подгреа очекувањата на обожавателите – за нов филм.

Continue Reading

#КИНО

„Red Notice“ најгледан филм во историјата на „Netflix“

Од „Нетфликс“ објавија дека акционата комедија Red Notice („Црвено известување“) е нивниот најгледан филм.

Објавен на платформата на 12 ноември, веќе на првиот ден од неговото емитување стана најгледаниот филм на стриминг-услугата.

Тој е во категоријата топ 10 филмови во последните три недели, а моментално 50 отсто од претплатниците на „Нетфликс“ го гледале филмот, пренесува „Си-ен-ен“.

Веста на социјалните мрежи ја споделија и ѕвездите на филмот Гал Гадот и Двејн Џонсон.

„Не можам да ви кажам колку сум среќна, колку сум благодарна, колку сум воодушевена од овие луди статистики и информации. Го направивте нашиот филм најгледан во историјата на Нетфликс !!! Вие сте причината зошто ги правиме овие филмови. Вашата љубов ни значи се. И во никој случај не го земаме тоа здраво за готово. Ви благодарам“ напиша Гал на својот Инстаграм-профил.

Continue Reading

#КИНО

„Господар на прстените“ ќе се снима во Англија

Втората сезона на ТВ-серијата „Господар на прстените“ на „Амазон“, наместо на Нов Зеланд ќе се снима во Обединетото Кралство. Како што објави „Варајети“, повикувајќи се на свои извори, стрим-сервисот веќе ги одредил првите места за снимање – во околината на Лондон.

Неименуван извор за порталот забележува дека потегот на „Амазон“ бил „многу разочарувачки“ за филмската индустрија на Нов Зеланд. На крајот на краиштата, сите слични филмски адаптации на Џон Р.Р. Толкин беа снимени во оваа земја.

Според наводите, филмското студио „Бреј“ и аеродромот „Бовингтон“ ќе бидат првите места што ќе се користат за снимањето. Подготовките за втората сезона на „Господарот на прстените“ ќе почнат пролетта 2022 година. Претходно оваа година, „Амазон“ потврди дека првата сезона ќе се прикажува на стрим-платформата од 2 септември следната година. Иако приказната се чува во тајност, засега е познато дека дејството на серијата ќе се одвива неколку илјадалетија пред настаните во „Хобитот“ и „Господарот на прстените“ на Толкин.

Continue Reading
Advertisement

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020-2023

error: