Медиасет.мк

#ФОКУС

Апасиев за Шилегов: Несреќо скопска, па шо не кажуваш во јавност дека ист член од закон, до пред година дена си го толкувал на еден, а сега на друг начин

Јавното препукување помеѓу скопскиот градоначалник Петре Шилегов и лидерот на Левица, Димитар Апасиев, не само што не стивнува, туку се разгорува.

Двајцата веќе неколку дена се расправаат за паркирањето и за Пајак-службата на Град Скопје, откако пред некој ден било подигнато возилото на Апасиев.

Пратеникот преку својот ФБ профил упати и неколку навреди на скопскиот градоначалник, нарекувајќи го „несреќа скопска“ и „пијандура непрокопсана“.

„Несреќо скопска. Па шо не кажуваш во јавност дека ист член од закон, до пред година дена си го толкувал на еден, а сега на друг начин – нормално, на штета на граѓаните! Така, за купено паркинг место во зграда, на скопјани си им наплаќал 5 отсто ДДВ, а сега одеднаш им наплаќаш 18 отсто, без притоа да има никакви законски измени во меѓувреме!? Или, еве, да ти нацртам: за паркинг кој чини 2.000 евра, наплаќаш неверојатни 20.000 денари данок. Дали си ти нормален бе, пијандуро една непрокопсана?“, напиша Апасиев на Фејсбук.

РЕДАКЦИЈАТА НА СКОПЈЕ 1 СЕ ОГРАДУВА ОД НАВРЕДИТЕ КОИ ПРАТЕНИКОТ ДИМИТАР АПАСИЕВ ГИ УПАТУВА КОН ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СКОПЈЕ ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ.

 

 

фото: ФБ Димитар Апасиев

Трендинг

На почеток
error: