Медиасет.мк

#ФОКУС

„Астра Зенека“ за прв човек на претставништвото во Загреб го именуваше македонецот д-р Дејан Лаковски

Фармацевтската компанија „Астра Зенека“ за прв човек на претставништвото во Загреб го именуваше д-р Дејан Лаковски. Тој во екот на пандемијата и кризата со испораката на вакцини ќе раководи со операциите на оваа британско-шведската компанија во Хрватска и во Босна и Херцеговина, објави 360stepeni.mk.

Овој искусен менаџер во областа на фармацијата дипломирал медицина во Скопје, каде се стекнал и со магистратура по економија. Кариерата ја започнал во 2001. во „Алкалоид“ а работел и како регионален претставник за „Рош“ и за „Сандоз“.

Д-р Лаковски во Астра Зенека доаѓа од раководна позиција во германската фармацевтска групација „Стада“. Бил шеф на нивното претставништвото во Софија, од каде освен за Бугарија, ги водел бизнисите на оваа групација и за Хрватска и за Словенија.

извор:  360stepeni.mk.

На почеток
error: