Медиасет.мк

#ФОКУС

Aвтокино под отворено небо во Кан

Градот Кан на француската ривиера требаше да биде домаќин на најголемите имиња од светот во филмот.

Но, годинава прочуениот филмски фестивал, познат како Festival de Cannes, беше одложен поради пандемијата на Ковид-19, црвениот тепих остана завиткан, а локалното население може да гледа филмови во автокино – нов тип кино на отворено – на паркингот покрај плажата.

Штом се стемни, публиката (гледачите) сместени во своите кабриолет спортски автомобили, со вреќички пуканки на контролната табла, и деца што висат над прозорците, го гледаат филмот „И-ти“ на Стивен Спилберг.

Киносалите, театрите и рестораните сè уште се затворени бидејќи Франција претпазливо ги ублажува мерките за спречување на коронавирусот, па луѓето беа задоволни да гледаат филм на отворено уживајќи во пријатната вечер на медитеранскиот брег.

Канскиот филмски фестивал првично требаше да се одржи од 12 до 23 мај.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: