#ФАЦИ

Авторката и медицинар Марија Јаневска си замина од Македонија

Објавено на

Авторката на книгата „Белешките на Лајла Грејс“, а воедно дел и од медицинската фела, Марија Јаневска јавно објави дека се иселила од Македонија. Таа на социјалните мрежи сподели дека сега ќе живее во Белгија и напиша: „Да наздравиме за новите почетоци“.

Таа за време на карантинските мерки упатуваше апел до сите дека треба да ги почитуваат препораките, за побрзо и полесно справување со коронавирусот. Таа работеше во Лабораторија за генетика и персонализирана медицина.

Таа не ги соопшти причините за заминувањето.

Трендинг

Exit mobile version