Connect with us

Hi, what are you looking for?

АКТУЕЛНО

Басистот на „Рибља чорба“ почина од коронавирус

Басистот на „Рибља чорба“, Мирослав Миша Алексиќ почина од коронавирус. Музичарот почина на 68. годишна возраст, а неколку дена претходно тој поради лошата состојба, беше приклучен на респиратор.

Неговата ќерка Мина Алексиќ пред неколку дена на „Фејсбук“ ја објави тажната порака за состојбата на нејзиниот татко. Мина вели дека имала верба во него и дека се надевала дека ќе се извлече од оваа тешка состојба.

„Мојот Миша боледуваше од ковид и беше на респиратор веќе три дена. Секој час беше негова борба за живот. Миша би сакал сите наши драги луѓе да знаат каков лав и борец беше. Би сакала сите луѓе, кои го сакаа и почитуваа како мајстор на рокот, деновиве да бидат со нас и него и да веруваат дека ќе го победиме овој вирус“, порача Мина.

„Сите мислевме дека вирусот не постои и до пред две недели седев со моето семејство на ручек и се смеевме, велејќи дека не сакаме да носиме маски. Разговаравме каде ќе излегуваме. На крајот останав со двајцата родители во болница. Исплашена сум, но и храбро верувам во среќата и добрата енергија. Ве молам поради Миша да испратиме силна енергија во универзумот и што побргу да биде на сцената со гитарата“, напиша Мина, покрај заедничката фотографија со татко ѝ.

Advertisement. Scroll to continue reading.

error: