„Oдлуката на директорот на МКЦ Бени Шаќири да отпушти 30 хонорарци од МКЦ, да го затвори планетариумот, бифето МКЦ, продавницата „Апотека“ и делумично Кино Милениум се срамни и претставуваат опасност за исчезнување на еден од главните простори на алтернативната културна сцена, развивање на критичката мисла и младинското заедничарење“, критикуваат од здружението Еквалис.
Според нив, оваа одлука е потценувачка и поразувачка порака што се испраќа кон младите коишто цврсто застанаа позади идејата дека овој простор е суштински значен за нив и дека генерацијата за којашто постои оваа институција не сака и не дозволува интервенции коишто ќе значат згаснување или пак задирање во автономијата на институцијата.
„Крајно, овие простори се наши, на граѓаните. Секаков обид тие да бидат загрозени го сметаме како директен упад во нашата слобода, во слободата да бидеме свои, да имаме наши простори, да танцуваме, да твориме, да го преиспитуваме општеството, да сме заедно во моменти кога сме се чувствувале осамено. Овој простор не е партиска сопственост. МКЦ е натпартиски концепт којшто конечно треба да биде оставен да им служи на граѓаните наместо на партиските игри и пресметки“, додава „Еквалис“.