Медиасет.мк

#ТРЕНД

„Би сакал повеќе ќотек да гледам, веќе кога ги плаќаме, да има за што“, реакции по инцидентот во Собрание


Пратеникот Арбер Адеми вчера со предмети фрлаше низ собраниската сала и кон пратениците.

Најпрво пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска започна да стиска на системот за гласање. Антонијо Милошоски го трга микрофонот на кој Адеми зборува. И тогаш, Адеми удира по раката на Милошоски.

И покрај тоа, раката на Милошоски се уште е на собранискиот микрофон, а Адеми го удира и по вторпат па му ја тегне раката. Адеми, станува од фотелјата и го удира Милошоски по третпат. Потоа, нервозно станува и со порцеланска шоља за кафе фрла кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои се пред неговиот пулт.

Милошоски му вели: „Удри, ајде, удри, удри“, по што Адеми фрла со шолјата, а потоа и со пластично шише вода.

Ова се дел од реакциите на социјалните мрежи по вчерашниот инцидент.

 



Трендинг

На почеток
error: