#ОХРИД
Благодарница за градоначалникот Георгиески од Здружението за лица со посебни потреби „Зраци“
Претставници на Здружението за лица со посебни потреби „ Зраци“ , денеска на градоначалникот Константин Георгиески му врачија специјална благодарница за комплетното финансирање на работата на дневниот центар на здружението со издвојување на 720.000 денари буџетски средства на општина Охрид. На средбата беше речено дека со финансиската поддршка од Општина Охрид, центарот кадровски ќе се доекипира и ќе се решат и други проблеми со што ќе се обезбеди непречена работа на дневнот центар „ Зраци“ кој згрижува лица со посебни потреби.
Претставницитена здружението изразија посебна благодарност за личниот хуман гест на градоначалникот Георгиески кој трошоците за девници за службени патувања за 2020 година во износ од 38.000 денари ги донирал во дневниот центар за згрижување на лица со посебни потреби „Зраци“.