Медиасет.мк

#ФАЦИ

Бранка Костиќ излегува од изолација: Никому не посакувам да се буди со мислата дали денес ќе почуствува некој симптом

Музичката критичарка и новинарка Бранка Костиќ-Марковиќ оздраве од корона. Таа сега сака да дарува крвна плазма која се користи за лекување на најтешките случаи заразени со Ковид-19.

„Утрово го добив и вториот негативен контролен тест, така што денес излегувам од изолација. Матичната докторка секојдневно разговараше со мене и испраќаше известувања за здравствената состојба (температура, симптоми и сл.), а денес ме упати на следната вистинска адреса. Веднаш се јавив во крводарителство. Ме ставија во евиденцијата за потенцијален донор. Како што налага процедурата, ќе ме контактираат по 21 ден, периодот во кој се очекува развој на антитела. Желбата е едно, но за да се дарува крв за плазма треба да се исполнат многу други услови. Искрено се надевам дека ќе ги исполнам.

Она што знам со сигурност е дека стресот и седењето во четири ѕида остава длабока трага на секој од нас. Можам да кажам е дека сум добра и поминав без симптоми, но и дека никому не посакувам да се најде во ситуација да се буди со мислата дали денес ќе почуствува некој симптом, да ги толкува обичните болки во грбот, поленските иритации во носот, закашлувањето, главоболките, како страшни најави, а не како редовни појави, да живее со бремето дека треба да прави различни животни сценарија и Б планови за себе и своите најблиски. Најсреќна сум што никого директно не загрозив, што брзо реагирав. Многумина, по објавата дека сум позитивна, се отворија со пораки и ги споделија своите искуства.

Сите приказни се различни, од случаи како мене, до тешки форми. Ова ви го кажувам за да сте свесни каква е реалната слика и дека не е време за опуштање. Многумина од вас ми пишаа дека се сомневаат во резултатот на мојот тест, заради негативните на моите домашни и другите блиски контакти. И јас го помислив истото, но кога многу луѓе ми пишаа дека и тие се во истата ситуација како мене, но со симптоми на инфекција од вирусот, ја оставив отворена опцијата дека е можно тестот и да е исправен и така и се однесував“, напиша, меѓу другото Костиќ.

Таа пред повеќе од две недели дозна дека е заразена со коронвирус, откако превентивно направила тест.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: