Медиасет.мк

#ТРЕНД

Цеца се пожали дека е жртва на измама

Пејачката Светлана Ражнатовиќ Цеца вели дека била жртва на измама и дека некои го користат нејзиното име за да привлечат поголем број на гости во своите угостителски објекти за време на дочекот на Новата година.

Големо внимание привлече најавата дека во најлудата ноќ, фолк пејачката ќе настапи со нејзиниот колега Радиша Трајковиќ Џани. Оваа најава се рекламира на голем број сајтови кои ги промовираат ноќните излегувања во Белград.

Оваа информација ја изненадила пејачката, која вели дека никогаш не договорила настап за време на дочекот на Новата година.

„Не сум закажала никаков настап. Од каде ви е оваа информација? Ако закажев, ќе се знаеше каде ќе настапував, тоа не може да се сокрие“, изјавила Цеца во разговор со новинарите.

„Јас за оваа работа првпат слушам. Тоа не е точно. Ако е, не би го криела од вас. Не би знаела за ова ако не ме прашавте. Веднаш ќе побарам мојот менаџер да реагира“, изјавила пејачката за српските медиуми.

Поедини пејачи веќе почнаа да ги најавуваат своите новогодишни настпаи и покрај тоа што не се знае дали и под кои услови, можат да бидат организирани собирањата на поголем број луѓе, поради пандемијата со коронавирусот.

На почеток
error: