Медиасет.мк

#ФАЦИ

(ВИДЕО) Чулев: Ме релаксира романтична комедија, сопругата сака некои хорор филмови

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев гостувајќи во утринска емисија кажа дека имал малку слободно време откако е на оваа раководна позиција со оглед на обврските. Чулев посочи дека наоѓа време да гледа филмови. Тој сака романтична комедија, а неговата сопруга, Јасминка Чулева, сака да гледа хорор филмови.

https://www.facebook.com/livenewsmacedonia/videos/1821173994692110/

„Се трудев да бидам дома со моите деца, имаше онлајн настава, па им помагав во делот на математиката и физиката, бидејќи тука сум добар да кажеме. Некогаш да одговорам на пораките од граѓаните бидејќи имам многу пораки и се трудам на сите да им одговорам. Некогаш во она малку слободно време, се слушам со мои стари пријатели или гледам некој филм, најчесто романтична комедија за да ме релаксира, иако сопругата сака некои хорор филмови, и така“, рече Чулев во утринската на „Алфа“.

Сопругата на техничкиот министер Чулев, Јасминка, беше споменувана и од Јорданка Ивановска-Јоци која ја нарече „алфа“ женка по дома која решила да се пресмета со сите кои пишуваат нешто за нејзиниот маж, акцентирајќи дека добивала суптилни поздрави за да ја заплаши.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: