Медиасет.мк

#ФОКУС

Хуманоста нема граници: Славица и Мирјана донирале крвна плазма за да спасат лица заболени со коронавирус

Министерот за здравство Венко Филипче на социјалните мрежи објави фотографии од Славица и Мирјана кои биле позитивни на коронавирусот и им се заблагодари што даруваа крвна плазма која се користи како лек за пациентите кои се заболени.

„Славица и Мирјана се двете ќерки на најстарата излечена пациентка од КОВИД-19, кои исто така беа позитивни и оздравеа од овој вирус. Тие минатата недела даруваа конвалесцентна плазма која ќе се користи како лек и надеж за потешките пациенти заболени од коронавирусот. Од сè срце им се заблагодарувам за хуманоста.

Упатувам апел до сите оние лица кои се излечени од КОВИД-19 да се пријават за дарување на конвалесцентна плазма.  Да бидеме хумани и да им помогнеме на пациентите заболени од КОВИД-19 побрзо да оздрават“, напиша Филипче.

https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2410808399226179/?type=3&theater

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: