Ребрендираниот идентитет на компанијата ја зацврстува нејзината позиција како глобална организација за технологии и услуги, зацврстувајќи ги брендовите на иднината.
Concentrix Corporation (NASDAQ: CNXC), глобален лидер за технологии и услуги што работи под името Concentrix + Webhelp, денес ја објави својата транзиција и континуираната еволуција на својот бренд.
Името Concentrix се заснова на концептот на концентрични кругови, што го одразува фокусот на компанијата да ги задржи своите луѓе и клиенти секогаш во центарот, тоа е концепт од самиот почеток кој сè уште е релевантен и денес. Новодизајнираниот визуелен идентитет ја претставува технологијата и трансформативните решенија што Concentrix ги испорачува со цел да ги зацрвсти брендовите на иднината.
Ова ребрендирање ја зајакнува континуираната посветеност на компанијата во зацврстување на сеопфатно портофолио на вештини. Со проширениот опсег на генеративните решенија за вештачка интелигенција, дигитални способности и висококвалитетни услуги, компанијата верува дека никогаш не била во подобра форма, за да испорача целосно интегрирани end-to-end решенија со голема брзина и обем.
„Со ова ребрендирање, ја зацврстуваме нашата позиција како водечка компанија за технологии и услуги која е фокусирана на луѓето а заснована на технолошка интелигенција“, рече Крис Калдвел, претседател и CEO на Concentrix. „Без разлика дали станува збор за различни искуства, брендот ја прави разликата во градењето и зголемувањето на безбедни технологии во склоп на вештачка интелигенција или спроведување на дигитални операции, ние ги обединуваме интегрираните решенија кои ги решаваат и најтешките деловни предизвици на нашите клиенти“.
Денес, над 2.000 клиенти имаат корист од сеопфатен,практуичен и добро избалансиран печат, поддржан од глобална конзистентност и екпертиза на локалниот пазар, како и портфолио на корпоративни активности од светска класа усогласени за дизајнирање, градење и спроведување на најсовремени решенија што ги нуди компанијата.
За да дознате повеќе за Concentrix, посетете ја concentrix.com.
За нас: Искусете ја моќта на Concentrix
Concentrix Corporation (NASDAQ: CNXC) е глобален лидер за технологии и услуги кој ги оснажува најдобрите брендови во светот, денес и во иднината. Ние сме фокусирани на луѓе, а засновани на технологија и интелигенција. Секој ден дизајнираме, градиме и спроведуваме целосно интегрирани end-to-end решенија со брзина и обем низ целото претпријатие, помагајќи им на преку 2.000 клиенти да ги решат нивните најтешки деловни предизвици.
Без разлика дали станува збор за дизајнирање искуства со брендот кои ја прават разликата, градење и скалирање на безбедни технологии на вештачка интелигенција или спроведување на дигитални операции кои обезбедуваат глобална конзистентност со локален допир, ние тоа го покриваме. Во срцето на сè што правиме лежи посветеноста на трансформирање на начинот на кој компаниите се поврзуваат, комуницираат и растат. Тука сме да го редефинираме тоа што значи успех, давајќи незамисливи резултати на секоја голема вертикала на повеќе од 70 пазари. Практично насекаде. Посетете го concentrix.com да дознаете повеќе.