#ФАЦИ

Даниел Кајмакоски за синот Давид: Сакам еден ден да биде горд на мене

Објавено на

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски за телевзијата „Хепи“, порговори за својот приватен живот и неговиот син Давид, за кој се надева дека еден ден ќе биде горд на него. Даниел  вели дека има многу обврски, но дека секогаш знаел како да најде време и за синот.

„Јас сум човек со многу обврски и приватни и деловни. И затоа морам секогаш да најдам време за работата, но и моето семејство. Морам да успеам, не само заради себе, туку и заради мојот син Давид. Би сакал еден ден тој гордо да каже, ете тоа е мојот татко“, изјавил Кајмакоски.

Даниел неодамна проговори и за својата поранешна сопруга манекенката Кристина Димитриевска. Пејачот се разведе од неа минатата година, по три години брак.

„Јас и Кристина не сме заедно подолго време. Бракоразводната постапка е во тек. Заедно ја донесовме одлуката да се разведеме, зошто знаеме дека тоа е најдобро за нас. Најважно е да бидеме секогаш добри родители на нашето дете“, изјавил Кајмакоски.

Трендинг

Exit mobile version