#ТРЕНД

Децата ме прашуваа дали сум девојче

Објавено на


Омилениот холивудски актер Двејн Џонсон откри дека во младоста децата честопати го прашувале дали е девојче.

49-годишниот актер и поранешен професионален борач познат по прекарот The Rock (Kарпа), изјави дека имал меки црти и мека афро коса кога бил дете, што често било причина децата во училиште да го прашуваат дали е момче или девојче.

Таткото на Двејн, Роки Џонсон, исто така бил професионален борач и семејството морашло многу да патува поради неговата работа. Како резултат на ова, Двејн постојано менувал училишта и при тоа, се обидувал да стекне нови пријатели.

Потсетувајќи на една случка кога почнал да оди во ново училиште, Двејн за „Сандеј тудеј“ изјави: „Седнав покрај едно дете и во рок од 60 секунди, тој рече: Може ли да те прашам нешто? Дали си момче или девојче?“

„Би рекол на возраст од 7 до 11 години, луѓето мислеа дека сум девојче затоа што имав навистина меки црти и многу мека афро коса.“

Холивудската ѕвезда исто така зборуваше за своите претседателски амбиции кога се појави во „Сандеј тудеј“ и рече дека би можел да се кандидира за оваа позиција доколку луѓето го сакаат тоа.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.



Трендинг

Exit mobile version