Медиасет.мк

#ТРЕНД

Деми Ловато ја раскина веридбата бидејќи имал „задни намери“

Деми Ловато ја раскина веридбата со Макс Ерих откако открила дека неговите намери не биле вистински.

28-годишната пејачка се вери со ѕвездата на Young and Restless во јули по четири месеци врска, но реши да повика тајмаут на нивната романса во септември, два месеца по романтичната понуда за брак покрај океанот.

Извори блиски до пејачката тврдат дека Деми одлучила да ја прекине свршувачката бидејќи Макс (29) сe занел од слава кога нивната врска придонела неговиот јавен профил „да пукне“.

Друг упатен извор рекол: „На Деми ѝбеше многу тешко кога сфати дека намерите на Макс не се вистински. Раскинувањето на веридбата не беше лесна одлука “.

Списанието „Пипл“, повикувајќи се на истиот извор, пренесува: „Деми смета дека Макс се обидува да ја прошири својата кариера користејќи го нејзиното име зад грб. На Деми ѝ беше тешко да признае дека направила грешка кога станува збор за Макс “.

Трендинг

На почеток
error: