Медиасет.мк

#ФАЦИ

„Денес ќе полнеше 54 години, вујче премногу фалиш“: Огнен Здравковски за роденденот на маестро Зоран Џорлев

Пејачот Огнен Здравковски, внук на починатиот виолинист, вокален изведувач и професор, маестро Зоран Џорлев, објави неколку слики со својот вујко и му оддаде почит на денот кога тој требаше да го слави 54. роденден. Маестро Џорлев почина на 1 јануари од корона.

„Денес требаше да биде твојот ден, требаше да го славиме твојот 54. роденден. Помина само една недела, а и сам не сум свесен колку премногу фалиш, а и тек допрва колку ќе фалиш. Среќен роденден, мирно и со светол пат патувај кон вечноста и имај вечен спомен! Те сакам најмногу и засекогаш вујче мој!“, напиша Огнен.

Денес требаше да биде твојот ден, требаше да го славиме твојот 54-ти роденден… Помина само една недела, а и сам не сум…

Posted by Ognen Zdravkovski on Sunday, January 10, 2021

На почеток
error: