#ФОКУС

Десет мартонци ќе трчаат во спомен на Тоше

Објавено на

Десет маратонци и оваа година ќе трчаат во спомен на Тоше Проески и ќе пристигнат во Крушево в петок, 16 октомври, напладне.

Поради пандемијата на коронавирусот, маратонците оваа година ќе трчаат само во Македонија, ќе почнат од граничниот премин Табановце, преку Скопје и ќе стигнат до Крушево. Двајца претставници на маратонците ќе истрчаат симболични 10 километри во Нова Градишка, Хрватска, и таму ќе положат цвеќе во спомен на музичката ѕвезда.

„И оваа година ќе го одбележиме овој тежок ден за Крушево, државата и Балканот. Ќе ги пречекаме маратонците и заеднички ќе му оддадеме почит на нашиот сограѓанин, пејач и амбасадор. Драго ми е што годинава ќе положиме цвеќе на веќе изграденото гробно место и Тоше, конечно, ќе има достојно почивалиште“, рече градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.

Тоше Проески загина во близина на Нова Градишка, Хрватска, на 16 октомври 2007 година. Оттогаш секоја година група маратонци трчаат од Нова Храдишка до Крушево во негова чест.

Трендинг

Exit mobile version