#КИНО
Доминик Пурсел најави шеста сезона на хит-серијата „Бегство од затвор“
Хит-драмата „Бегство од затвор“ ќе има шеста сезона, потврди еден од главните глумци, Доминик Пурсел, кој го глуми ликот на Линколн Буроус. Тој објави слика на „Инстаграм“ и кажа дека серијата ќе почне да се снима наскоро.
„Се шушка дека сум стар, да, имам 50 години. Се шушка дека сум ќелав, ама не, имам многу коса, ме тераат да ја бричам главата. Се шушка дека ќе снимаме шеста сезона, точно. Се шушка дека не сакам луѓе, така е, не сакам кога има многу гужви“, напиша глумецот.
„Бегство од затвор“ се прикажуваше од 2005 до 2009 година. Главните ликови ги толкуваат Вентворт Милер и Доминик Пурсел. Серијата ја следи приказната на Мајкл Скофилд (Милер) кој пробува да го извлече од затвор неговиот брат (Пурсел) кој е неправедно осуден за убиство. По крајот на серијата, се сними и игран филм за да се заокружи приказната за двајцата браќа. Но во 2016 година, продуцентите побараа сценарио нова, петта сезона, и тогаш најавија дека нема да ја продолжуваат приказната.
Сепак, според Пурсел, снимањето на новата, шеста сезона ќе се случи и тоа наскоро.