Медиасет.мк

Медиасет

Драстично падна цената на биткоинот

Цената на биткоинот во саботата падна за седум отсто за помалку од еден час, а цените на другите криптовалути исто така драстично паднаа откако Иран започна напад врз Израел.

Цената на биткоинот во сабота попладне е на 62.570 долари, а неколку минути претходно падна на најниските нивоа во денот, 60.908 долари, пишува Форбс.

Биткоинот достигна рекордна цена од 73.750 долари на 24 март.

Стравувањата за растечкиот геополитички конфликт на Блискиот Исток оставија трага на американските пазари во последните денови. Дау Џонс падна за 475 поени во петокот, откако Белата куќа соопшти дека САД и Израел се подготвуваат за можен напад од Иран.

Извршниот директор на JPMorgan Chase, Џејми Дајмон, им рече на инвеститорите дека геополитичкиот конфликт е причина за загриженост, истакнувајќи дека тој би можел „да игра клучна улога во она што ќе се случи со глобалната економија ако цените на нафтата и гасот се зголемат премногу“, објави CNN.

На почеток
error: