Медиасет.мк

Медиасет

Ѓоковиќ им „бега“ на ривалите и кога губи

Новак Ѓоковиќ ја започна 421-та недела од владеењето на АТП листата, а ја зголеми и разликата во однос на Јаник Синер.

Ѓоковиќ стигна до полуфиналето во Монте Карло и освои 310 поени, па на најновата АТП листа има 10.035 поени.

Неговата предност пред второпласираниот Јаник Синер е зголемена во однос на претходната недела за вкупно 270 поени, со оглед на фактот дека младиот Италијанец собра 40 нови поени, па сега има вкупно 8.750.

Практично, ова му гарантира на Новак дека ќе остане на врвот на светската листа барем уште еден месец.

До крајот на сезоната Новак брани вкупно 2.225 поени на земјена подлога, а Синер 225, така што практично ќе зависи од резултатите на Ролан Гарос, зависи кој на Вимблдон ќе дојде како светски рекет број еден.

На третото место е Карлос Алкараз со 8.645 бодови, а нема да го гледаме во следните денови во Барселона бидејќи реши да се повлече од натпреварувањето.

Данил Медведев го задржа четвртото место, додека финалистот од Монте Карло Каспер Руд напредуваше четири позиции, скокајќи од десетата на шестата позиција и има 4.025 бодови.

Трендинг

На почеток
error: