#ФАЦИ

Државата четири години не се грижи за музејот на Есма и Стево Теодосиевски, граѓаните незадоволни

Објавено на

Здружението „Есма и Стево Теодосиевски“ преку објава на социјалните мрежи го изразија своето незадоволство поради негрижата на државата за музејот на познатата пејачка.

„Ве известувам дека Здружението “Есма и Стево Теодосиевски ” и сите членови на ансамблот Теодосиевски, донесоа одлука за собирање на потписи и со тоа да бараат состанок кај Г-дин Зоран Заев, за да го искажат своето незадоволство, воедно и да побараат одговорност затоа што Државата веќе четири години не се грижи за музејот на Есма и Стево Теодосиевски. Министерство за култура како единствен тестаментален наследник е должен да даде образложение. Бидејки спорот се уште не е решен ќе бараме одговор од премиерот на Република Македонија. Ги известувам сите почитувачи на ликот и делото на Есма и Стево Теодосиевски дека дополнително ќе бидете известени за кој ден ќе поставиме штанд во центарот на градот на кој ќе можат сите да ја дадат својата подршка, со својот потпис“, стои во објавата на фејсбук.

Трендинг

Exit mobile version