ДУИ си го брани криминалот со физички напади врз пратениците, Ковачевски да го осуди дивеењето на Арбер Адеми, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Адеми да не се крие зад имунитетот и да си поднесе оставка како пратеник, а потоа да одговара за нападите врз пратениците.
Кога е заргозен криминалот на ДУИ тие обвинуваат за антиалбанство, а тие се само обични криминалци кои ќе одговараат.
Адеми удираше пратеници со раце, а потоа ги гаѓаше со тврди предмети, со што можеше да го загрози нивниот живот. Тоа што Адеми не погоди никого директно е само случајност и среќа на присутните пратеници, интенцијата на Адеми беше да им нанесе физички повреди и тоа се гледа од снимките.
Нападот на Арбер Адеми покажува како СДСМ и ДУИ ја сфаќаат демократијата. Секогаш кога не е како тие што сакаат тие се закануваат и напаѓаат. Но веќе не поминуваат испадите на СДСМ и ДУИ.
Со нивните испади во собранието нема да го запрат нивниот пад. Избори што поскоро“, се вели во соопштението.