Џенифер Лопез сè уште го чува вереничкиот прстен од 1,8 милиони милиони долари, што го доби од својот сега-веќе поранешен вереник Алекс Родригез.
51-годишната музичарка и актерка беше верена со поранешниот професионален бејзбол играч повеќе од две години пред да објави во четвртокот дека ја прекинуваат својата четиригодишна врска.
Извори за „ТМЗ“ рекоа дека Лопез ќе го задржи прстенот и покрај разделбата. Таа, наводно, го чува на безбедно место дома додека снима филм со Џош Духамел во Доминиканската Република.
Двојката со недели ги негираше шпекулациите за голема криза во врската, пред да потврди дека ја раскинале веридбата во заедничка изјава објавена во „Тудеј.
„Сфативме дека сме подобри како пријатели и со нетрпение очекуваме да останеме така“, рекоа во заедничкото соопштение Лопез и Родригез.„Ќе продолжиме да соработуваме и меѓусeбно да се поддржуваме во заеднички деловни потфати и проекти“.
Алекс клекна на едното колено и ја запроси Џенифер со импресивен дијамантски прстен со смарагди додека беа на одмор на Бахамите во 2019 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.