Медиасет.мк

#КИНО

Бред Пит ќе се појави во една сцена од „Изгубениот град Д“

Џенифер Лопез и Алекс Родригез ја прекинаа свршувачката затоа што сметаат дека ќе им биде подобро да останат пријатели.

Латинодивата и поранешниот бејзбол-играч го најавија раскинувањето во четвртокот (15 април) само еден месец по негирањето дека нивната четиригодишна врска е во голема криза.

„Сфативме дека сме подобри како пријатели и со нетрпение очекуваме да останеме така“, рекоа во заедничкото соопштение Лопез (51), позната по прекарот Џеј Ло, и Родригез (45), поранешна звезда на „Њујорк јенкис“, познат како А-Род.

„Ќе продолжиме да соработуваме и меѓусeбно да се поддржуваме во заеднички деловни потфати и проекти“, рекоа Лопез и Родригез.

Еден од најголемите славни парови во САД во последните четири години не сака да ги коментира причините за разделбата поради почит кон нивните деца од претходните бракови.

„Со го посакуваме најдоброто еден на друг, како и на децата на секој од нас. Од почит кон нив, единствениот друг коментар што треба да го кажеме е благодарност до сите што испратија љубезни зборови и поддршка“.



Трендинг

На почеток
error: