„Ќе имаме и трет бран од коронавирус“, вели германски виролог

Германскиот виролог Хендрик Штрек верува дека ќе има и втор и трет бран на инфекција со КОВИД-19. Тој смета дека општеството мора да научи да живее со коронавирусот.

Според овој германски виролог, не треба да се очекува брз развој на вакцината.

Во блиска иднина, тој не гледа напредок во развојот на вакцинацијата, и покрај фактот дека огромен број на луѓе се вклучени во потрагата низ целиот свет. Штрек не е убеден во досегашните резултати во развојот на вакцина или лек.

Затоа, вели тој, општеството мора да живее со коронавирусот.

„Мораме да се помириме со тоа и да сториме најдобро што можеме. Тоа значи дека ќе имаме постојани осцилации, што е веќе сега случај. Ние, исто така, секогаш мора да сметаме на појава на жаришта, како што беше случајот со Гитерлох”, објасни еден од водечките виролози во Германија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *