Медиасет.мк

#ФАЦИ

(ВИДЕО) Џамбо Агушев: Жена ми е екстра љубоморна

За кралот на трубата, Џамбо Агушев, малкумина знаат дека неговото вистинско име е Исеин. Прекарот Џамбо, по кој го препознаваат сите, му го дал легендарниот саксофонист Ферус Мустафов кога имал 11 години. „Брз си како џамбо-џет“, ми рече кога ме слушна како свирам првпат, вели тој во интервјуто за „Репортер“.

За овие 30 години, настапувал секаде во светот. На еден концерт во Германија ја запознал сопругата Асена, со која е 10 години во брак и имаат две деца.

„Додека свирев, ја видов во првиот ред, убава и русокоса, играше, па почнав да ѝ намигнувам. По концертот, ѝ побарав број и така тргна сè“, вели Џамбо.

За сопругата вели дека е љубоморна и повеќе од што треба и дека да може, би го држела дома барем уште една година оти сега во периодот на коронавирусот тој нема настапи.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: