Медиасет.мк

#ТРЕНД

Џејми Спирс се согласи да се повлече од туторството врз Бритни

Таткото на Бритни Спирс, Џејмс се согласи да се повлече од долгогодишната улога на тутор на неговата ќерка, соопшти вчера Метју Розенгарт, адвокатот на поп-ѕвездата.

– Задоволни сме што г-н Спирс и неговиот адвокат признаа во поднесокот денеска дека мора да бидат отстранени, изјави адвокатот.

Тој посебен надзор беше одреден откако Џејми Спирс од судот во Лос Анџелес, Калифрнија, САД, побара овластување да ги следи финансиите и животот на неговата ќерка во 2008 година, поради „загриженоста за нејзиното ментално здравје“. Следното судско рочиште за расправата за барањето на Бритни Спирс е закажано за крајот на септември во Лос Анџелес.

Бритни Спирс, која е на прагот од петтото десетлетие од животот, смета дека тој надзор е злоупотреба и дека таа „сака да ѝ се врати животот“, како што изјави пред судот во јуни.

Трендинг

На почеток
error: