Медиасет.мк

#ЖИВОТ

Експерт разоткри лесен начин на заспивање за 60 секунди

Стручњак за интегративна медицина од Универзитетот на Аризона (САД) открива лесен и ефективен начин на заспивање за 60 секунди.

Имено, Ендрју Вајл ја препорачува методата 4-7-8, позната и како „бавно дишење“. Според него, длабокото и ритмично дишење, коешто индиската јога го практикува со медитација, ни помага да заспиеме само за една минута.

– Тоа е најдобриот метод да заспиете повторно, ако се разбудите сред ноќ. Треба да вдишувате бавно низ носот за четири секунди, потоа да го задржите здивот седум секунди и да издишувате осум секунди… Тоа се повторува сѐ дури не заспиете, објаснува експертот.

Вајл тврди дека таа метода помага не само за совладување на несоницата, туку и за ослободување на стресот во телото. За најдобри резултати, тој советува ова да се практикува почесто и редовно.

На почеток
error: