Медиасет.мк

#АМАЗОШТО

Нека пукнат полициски час, не се трпи ова

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 500 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информира Министерството за здравство.

– По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти, во Велес се лекуваат 32 болен, а во Куманово 71 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 84, во ковид центарот во Гостивар 18, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 28 пациент, во Кочани 6 во Кичево 10, Кавадарци 60, во Гевгелија 12 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти, велат од МЗ.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 825 и има околу 300 празни болнички кревети во ковид центрите.

По згоелемниот број на заболени, се заговара и полициски час на социјалните мрежи. Многумина сметаат дека тоа е едиснтвениот начин да излеземе од пандемијата која трае повеќе од една година. Особено е тешко што се преполнуваат и болниците, па и модуларните. Некои пак, се противат на полициски час. Еве дел од коментарите:

https://twitter.com/Protivizam1/status/1368522882834436098

https://twitter.com/fraerot/status/1368522577694629891

https://twitter.com/pipelinmkd/status/1368218350304821258

 

 

 

Трендинг

На почеток
error: