Со емотивен статус на својот Фејсбук профил Емилија Розман го одбележа денот на својот непребол – три години од загубата на татко и.
„Денот кога ти почина без да умреш, а јас умрев без да починам …. 3 страшни години без тебе … Сите ме лажеа дека со текот на времето ќе биде полесно, или барем дека ќе научам да живеам без тебе, но не е … Во турскиот јазик постои збор, БЕЗТОБНОСТ … Тоа не е само чувство на осаменост или недостигање … Тоа значи отсуство на одредена личност и празнина која никој никогаш не може да ја замени … Едноставно болка во животот без тебе… 3 години грижа на совест зошто јас дишам без тебе, за секоја насмевка без тебе, за секој среќен момент и 3 години желба да дојдам кај тебе … И сите ми се лутат затоа што зборувам така, а јас никому не можам да му објаснам дека ова без тебе не е живот, само животарење… Болката што ја чувствуваме кога не напуштаат најблиските не е најстрашното нешто … Најстрашното е животот што ни останува да го живееме без нив …
ЖИВЕАМ ЗА МОМЕНТОТ КОГА ЌЕ ТЕ ГУШНАМ ПОВТОРНО! ТЕ САКАМ ТАТО МОЈ! Ти имаш само само ден на раѓање!“ – напиша Розман во својот Фејсбук статус.
https://www.facebook.com/emyrozman/posts/10225034297950844