Connect with us

Hi, what are you looking for?

КИНО

Џенфер Греј: Нема замена за Патрик Свејзи во „Валкан танц 2“

Џенифер Греј, ѕвездата на „Валкан танц“, која ќе глуми и во продолжението, за „Пипл“ изјави дека нема да има глумец како замена за ликот на покојниот Патрик Свејзи во следниот филм. Нивната филмска хемија од пред 33 години важи за една од најлегендарните романси во историјата на филмот…

– Сè што можам да кажам е дека не може да се замени некој што починал – никогаш не можете да повторите нешто така волшебно како што беше тоа. Едноставно, одите со нешто поразлично!, нагласи Греј.

Работата на „Валкан танц 2“, се чува во тајност. Засега, се знае само дека сценариото е на Мики Доутри и Тобајас Јаконис. Освен Греј, другите улоги не се соопштуваат.

Патрик Свејзи почина 2009 одина, од рак на панкреасот.

Advertisement. Scroll to continue reading.

error: