Медиасет.мк

#ФАЦИ

Атиџе од „Медена земја“: Сакам мир, куќата не ме радува, нека си ја земат

Хероината од „Медена земја“, Атиџе Муратова, вели дека не бара донации, туку дека луѓето сами ѝ барале трансакциска сметка за да ѝ помогнат да ја среди куќата.

„Јас донации не барам. Луѓето сами сакаат да донираат за куќата да се среди. Јас живеам исто како пред филмот. Пари немам земено за снимањето на филмот, само куќата што ја имам. Сега имам повеќе проблеми. Немам мир и мислам ова ќе биде и полошо. Јас сега не знам кај ми е главата. Е, така човек може да загине, здравјето да го изгуби. Луѓето знаат дека куќата не е доправена. Сакаат да помогнат. Една – една соба, сакаат да ја направат. Многу сум напната. Еве им ја куќата, нека дојдат, нека ја земат, нека ја продадат. Не ми треба ни куќа. Како што живеам во Бекирлија, на ист начин живеам и тука“, вели Атиџе за „А1он“.

Таа добила и телефонски повик од повозрасна жена, од која трпела навреди, па поради тоа Атиџе бара екипата на „Медена земја“ да излезе заедно со неа пред јавноста и да се објаснат сите работи.

„Разочарана сум од сето ова. Филмаџиите да се јавеа, да прашаа каква ми е состојбата. Тоа што ми помогнаа јас не го кријам. Тоа и пред јавноста го кажувам како што е. Сакам сите да дојдат тука пред јавноста, сите да ги кажеме проблемите и да ги решиме! Немам деца, немам маж. Куќата ли ќе ме радува мене? Јас се радувам вака кога ќе се чујам со луѓе, ќе ми се јават, кога ќе муабетам. Сите мислат дека јас сум зела пари од филмот. Сите прашуваат колку пари сум зела, а јас пари не сум зела. Утре може ќе дојде полиција, ќе ме носат во станица, јас ништо не знам. Немам потпишано ни договор за филмот. Куќата е купена од филмот, 8.600 евра. Ставена се надворешна врата, три прозорци, кујна, шпорет, два кревета, една маса. Една жена ми донесе машина за алишта од Куманово, а телевизорот е од друг“, раскажува Атиџе за „А1он“.

Целиот текст прочитајте го тука

Трендинг

На почеток
error: