Медиасет.мк

Медиасет

Ер Србија во март превезла 15 отсто повеќе патници отколку во истиот период минатата година

Националната авиокомпанија на Србија, Ер Србија, денеска соопшти дека во март годинава превезла 271.102 патници, што е за 15 отсто повеќе отколку во исто време во 2023 година.

Како што е наведено, „Ер Србија“ во текот на март остварила 3.018 летови, осум отсто повеќе од март 2023 година, што е најдобар резултат на „Ер Србија“ во март од 2013 година, кога компанијата работи под сегашното име.

„Првиот квартал од 2024 година беше успешен за Ер Србија. Во првите три месеци превезовме над 750.000 патници, односно 110.000 патници повеќе во однос на истиот квартал од претходната година. Дополнително, извршивме 16 отсто повеќе летови во однос на бројот на летови во првите три месеци од 2023 година“, изјави генералниот директор на српската национална авиокомпанија, Јиржи Марек.

Тој рече дека се очекува Ер Србија наскоро да го превезе милионитиот патник во 2024 година.

За споредба, тој број на патници во 2023 година е забележан само на 8 мај, рече Мерек.

Најпопуларните дестинации во мрежата на Ер Србија во март 2024 година, кога станува збор за Западна Европа, се Цирих, Париз, Рим, Амстердам, Милано и Виена.

Во регионот тоа се Подгорица, Тиват и Љубљана, додека во пошироката евро-медитеранска зона најпопуларни летови се за Атина, Барселона и Истанбул.

Трендинг

На почеток
error: