Медиасет.мк

#ФОКУС

„Фајзер“: Вакцината е ефикасна 95 проценти, нема несакани ефекти

Производителот на лекови „Фајзер“ објави дека нивната вакцина против коронавирус покажува ефикасност од дури 95 проценти и дека нема сериозни несакани ефекти, врз основа на првиот сет на комплетни резултати од испитувањата на вакцината во доцна фаза.

Резултатите покажаа ефикасност од над 94 проценти кај постарата популација во подоцнежните фази на истражувањето, наведува „Телетрајдер“. Постарата популација е изложена на поголем ризик од тешки болести предизвикани од Ковид-19.

„Фајзер“, кој ја разви вакцината со неговиот партнер „Бајонтек“, рече дека компаниите планираат да поднесат барање до Управата за храна и лекови на САД (ФДА) за итно одобрување за неколку дена, зголемувајќи ги надежите дека ефикасна вакцина наскоро ќе стане реалност, пишуваат американските медиуми.

Претходно, врз основа на првиите резултати, беше речено дека вакцината на „Фајзер“ покажува ефикасност од најмалку 90 проценти.

Компанијата од Америка, заедно со својот германски партнер, планира да произведе 50 милиони дози вакцина оваа година, а потоа и над милијарда дози во 2021 година.

Трендинг

На почеток
error: