#ФАЦИ

Фановите на Џенова со емотивна порака до Пандев

Објавено на

Горан Пандев одамна ги освои срцата на сите Македонци и со начинот на кој го доживеа овој огромен успех, но уште еднаш ги освои срцата и на сите навивачи на клубови во кои настапуваше, пред се на Апенинскиот полуостров.

И тифозите на Џенова испратија емотивна порака до Пандев по пласманот на Македонија на ЕП, притоа нагласувајќи дека жалат само за едно нешто – „што нема да можат по неговото враќање во Италија директно на стадион да го пречекаат и да му честитаат за остварувањето на својот сон“.

„Светски шампион, освојувач на Лига на шампиони, освојувач на Скудето, два италијански Суперкупа, пет трофеи во италијански Куп, шампион на Турција, освојувач на Суперкупот на Турција и петпати играч на годината во Македонија. Ова е Горан Пандев, нашиот Горан Пандев! Не го освојувате сето ова така случајно. Мора да бидете шампион, мора да го сакате овој спорт. Но, да се направи она што го направи последно за националниот тим, на 37 години, пред се морате да бидете човек и маж. Со големо М, човек кој остава се на теренот, кој оди на тренинг со желба на мало дете, кој се става на располагање на тренерот, никогаш нема погрешен збор и секогаш покажува почит. Ние луѓето од Џенова сме горди на тебе, тоа што го носиш нашиот дрес и што го претставуваш грбот на нашиот клуб, а веруваме дека го носиш и во срцето. Жалиме само за едно нешто, тоа што не можеме стоечки да те поздравиме на ‘Луиџи Ферарис’ на следниот домашен меч со Парма. Ќе беше убаво со долг аплауз и овации да се поздрави Гранде Пандев“ – пишуваат во својата порака фановите на Џенова.

Трендинг

Exit mobile version