#ТРЕНД
Фановите загрижени за Мадона поради бројните естетски зафати: Мислев дека е вонземјанин
Мадона моментално го промовира својот нов претстоен албум „Мадам икс“, па затоа на Инстаграм често објавува провокативни фотографии, како и некои без шминка.
Инстаграм-профилот на Мадона е полн со селфија, а бројни фанови коментираат дека непотребно го сменила лицето со филери, ботокс и фејс-ап.
„Дали е тоа вонземјанин? Се преплашив“, коментара една обожавателка на поп-кралицата.
На Мадона (62) ѝ се подигнати очните капаци и веѓите, челото е израмнето, а усните пополнети со филер, пишуваат таблоидите, и цитираат коментари на нејзини фанови.
„Огромна штета е што си ги уништила убавите, препознатливи усни“, ѝ напиша еден фан, а многумина се согласија со коментарот.
Мадона често објавува провокативни фотографии, кои фановите апсолутно ги обожаваат: „Таа е како вино. Колку е постара, толку подобра“, еден од многуте позитивни коментари.
„Поубава си од кога било“, напишаа некои.
Иако изгледа одлично за својата возраст, годините не може да се скријат на нејзиното лице. Со пластична хирургија и затегнување на лицето, Мадона се обидува да го задржи својот младешки изглед што е можно подолго, а многу фанови сметаат дека таа и понатаму изгледа убаво: „Ти си сè уште најубава! Кралица на попот“, ѝ пишуваат.
Постојат бројни претпоставки, но Мадона никогаш јавно не проговори за радикалните промени во изгледот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.