#ФОКУС

Фатени двајца собирачи на печурки во зоната околу Чернобил

Објавено на

Украинската гранична полиција уапси двајца сонародници кои решиле да соберат печурки во заштитената зона околу страшната нуклеарка во Чернобил, наводно за лична употреба.

Правилото да не се премине границата на заштитената зона во радиус од 30 километри околу нуклеарната централа во Чернобил и денес се почитува, и од страв од радијација и од украинската државна гранична служба, која ги следи границите на заштитената зона.

Сепак, има луѓе кои ги игнорираат апелите на властите, иако е познато дека зрачењето во деловите обраснати со вегетација е значително поголемо. Така, двајца Украинци, наводно за лична употреба, собрале 40 килограми печурки во забранетата зона и завршиле во притвор.

Изнесувањто на предметите, флора и фауна од заштитената зона е строго забрането, бидејќи употребата во исхраната на се што расте на почвата контаминирана по несреќата во нуклеарната централа во 1986 година, може да предизвика фатални последици.

Во Чешка, на пример, жителите продолжуваат да се предупредуваат дека дивите свињи кои мигрираат од овие области не треба да се користат во исхраната поради контаминација.

Трендинг

Exit mobile version