Медиасет.мк

#ХАЈТЕК

Фејсбук со нова услуга за oнлајн трговија

Фејсбук почнува со нова услуга – „Продавници“ (Shops) – што ќе им овозможува на бизнисите да изложат и продаваат производи на платформите на најголемата социјална мрежа во светот. Тоа го најави извршниот директор Марк Цукерберг.

„Мислам дека ова е особено важно сега затоа што многу мали бизниси се преместуваат на интернет за справување со економските последици од Ковид-19“, напиша Цукерберг на личниот профил на Фејсбук.

Мрежата ќе работи во соработка со Шопифај (Shopify) и седум други платформи за онлајн трговија. Интернет-продавниците ќе бидат достапни преку Фејсбук и Инстаграм, ќе има и опција за плаќање преку платформите, а клиентите ќе можат да комуницираат со трговците преку WhatsApp и Messenger. Услугата „Продавници“ ќе биде бесплатна за бизнисите и се очекува да го зголеми интересот на потрошувачите и тоа ќе доведе до зголемување на платено рекламирање.

https://www.facebook.com/zuck/posts/10111930156208121

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: