Медиасет.мк

#ФОКУС

(ФОТО) ДОКТОРИТЕ МУ СЕ ПОКЛОНИЈА: Тој не е “донор”, туку личност со големо име и презиме!

На Клиниката за државна кардиохирургија во Скопје, по шестчасовна операција, во два часот по полноќ беше трансплантирано новото срце во телото на 54-годишниот пациент. Два бубрега од истиот донор во моментов се трансплантираат на Клиниката за урологија кај двајца пациенти со хронична бубрежна слабост кои со години беа на дијализа, соопшти Министерството за здравство.

„По успешната трансплантација на неговото донирано срце, во моментов на Клиниката за урологија се врши трансплантација и на неговите донирани бубрези.
Тој човек не е “донор”, туку личност со големо ИМЕ и ПРЕЗИМЕ, кој направи похуман чин од сите политичари и декларирани добротвори во последните 30 години ЗАЕДНО.
Ваквите луѓе се вистински светци и поради нив се уште живее вербата во хуманизмот и човештвото.
Наклон“, стои во објавата на Фејсбук на Филип Ѓоршевски.

https://www.facebook.com/filip.gjorshevski/posts/10223418785316584

 

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: