Медиасет.мк

#ФАЦИ

Панчо од ДНК: Дали и кога ќе се вратат концертите, претставите, фестивалите и останатите забавно културни настани за граѓаните?

Познатиот музичар Панчо од дуото ДНК прашува дали и кога ќе се вратат концертите, фестивалите, претставите.

Тој на социјалните мрежи сподели и пример од Хрватска за тоа како во таа земја планираат да го решат овој проблем.

Целиот статус на познатиот музичар ви го пренесуваме во целост:

„СТОП за дискриминацијата на евент индустријата!

Во денови кога секојдневно се шпекулира за тоа дали и кога ќе има избори и под кои услови, за тоа дали ќе има полициски час викендов за Рамазан и Кирил и Методиј или не, и кога транспарентноста и ажурноста на одговорните институции полека за жал ја снемува, морам да поставам прашање до сите надлежни а воедно и да ги повикам сите мои колеги кои се затекнати од целата ситуација:
1. Што се случува со евент индустријата?
2. Дали и кога ќе се вратат настаните, концертите, театарските претстави, фестивалите и сите останати забавно културни настани за граѓаните?
3. И што е најбитно, зашто никој не зборува за ова?

Знам дека има многу побитни работи во моментов, но редно е и овие прашања да дојдат на дневен ред. Огромен број на музичари, диџеи, глумци, промотери, продукциски куќи, буквално немаат никаква информација за тоа кога и на кој начин ќе се вратат на работа.

Ајде да превземеме нешто! За споредба, оваа иницијатива која започна на facebook во Хрватска пред неколку недели, вроди со плод и веќе се избори за какви-такви одговори и ги има следните информации кои треба да се усвојат на почетокот на идната недела:

Од 27.05, на затоворен простор може да има 150 луѓе, а на отворен 300.
Важно е да се напомене дека за 1 човек треба да има 3 метри квадратни простор во самиот клуб (venue).
По тој принцип, во следните месеци тоа би прогресило вака:
– 1ви јули – 250 во затворен / 500 во отворен
– 1ви август – 500 во затворен / 1000 во отворен
– 1ви септември – 1000+

Се разбира, доколку работите одат како што треба, и здравјето на граѓаните е сигурно.

Ајде да се ангажираме и да побараме од одговорните да не сослушаат и размислат и за нашата ситуација! Било каков одговор или разговор би бил од корист, бидејќи оваа status quo ситуација не води никаде! Би ги замолил сите мои колеги, артисти и уметници да го споделат овој статус и да го користат хаштагот #ShowMustGoON“, напиша Панчо.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: