#ФОКУС
(ФОТО) Граѓани со спреј ги обележаа дупките на патот за Средно Водно
Преку фотографии на кои со жолт спреј се обележани дупките на асфалтот на патот за накај Средно Водно, граѓани побараа санирање на испуканиот асфалт од Град Скопје.
Од Град Скопје пак, се изјаснија дека патот до Средно Водно – Горно Нерези е регионален пат и не е во надлежност на градот, туку на Јавното претпријатие за државни патишта.
Оттаму дополнија дека ќе алармираат за состојбата до надлежната институција.
На ова добија одговор и преписката продолжува:
Почитувани, не е доволно да исперете раце дека не е ваш проблем. Кога можете преку Градски паркинг да наплатувате паркинг на Средно Водно и кога жителите на Горно Нерези се жители на Скопје не можете да се правите глуви и слепи за состојбата на патот.
Почитувани. Не е доволно да исперете раце дека не е ваш проблем. Кога можете преку Градски Паркинг да наплатувате паркинг на Средно Водно, и кога жителите на Горно Нерези се жители на Скопје не можете да се правите глуви и слепи за состојбата на патот.
— Bozidar Spirovski (@spirovskib) August 24, 2020
Град Скопје:
Паркингот на Средно Водно е во надлежност на градот и средсвата од наплатата на тој паркинг се наменети за зазеленување на Водно. Тоа не го менува фактот дека патот е регионален и за него е одговорна друга институција што е токму за тоа, одржување на регионални патишта.