Медиасет.мк

#ТРЕНД

(ФОТО) Лепа Брена полни 60 години: Желбата не ми се оствари и ќе мора да почекам до некоја следна пригода.

Фолк-ѕведата Лепа Брена полни 60 години. Таа роденденот го прослави дома, на ручек со семејството, со шампањско и торта. Но, Брена за „Курир“ рече дак имала само една роднеднска желба, која годинава не ѝ се исполнила.

„Годините за мене се само бројка. Јас сакав за 60. роденден да го одведам целото семејство на едно егзотично патување, но, ете, желбата не ми се оствари и ќе мора да почекам до некоја следна пригода. Поради короната, решивме да останеме дома и да се дружиме опуштено на ручек, наздравивме со шампањско, децата ми се тука, снаите се тука, сè е како што треба“, рекла Брена.

Пејачката на својот „Инстаграм“ објави и неколку фотографии од честитките од колегите музичари, од пријателите и од фановите, па напиша дека ова е навистина посебен и среќен ден за неа.

Трендинг

На почеток
error: